ВМРО-ДПМНЕ во следниот период ќе реши дали ќе учествува во пржинската влада

Од:

ВМРО-ДПМНЕ се уште нема одлучено дали ќе учествува во техничката влада што треба да биде избрана на 28 јануари и чиј премиер согласно предлогот на ДУИ треба да биде Талат Џафери, изјави партискиот портпарол Наум Стоилковски.

-Во следниот период телата на ВМРО-ДПМНЕ ќе донесат одлука и дали ќе се учествува и евентуално со кои имиња би се учествувало во таква влада, рече Стоилковски во одговор на новинарско прашање на прес-конференцијата пред Владата.

Тој нагласи дека СДСМ и прави штета на државата што не го прифати нивниот предлог за укинување на проектот „пржинска влада“ за, како што рече, Талат Џафери да го стават за премиер.

-Деспотот од Форино е лик познат во јавноста од неговите кршења на закони и процедури, до снимките со неговите сочни пцости и испади, што никако не е материјал за премиер на држава како Македонија во криза. Но, Македонија со СДС мора да трпи затоа што Мала Речица, Али Ахмети и Артан Груби така му наредиле на Димитар Ковачевски. Тоа е и единствената причина зошто се уште во Македонија постои срамен проект наречен пржинска влада, и зошто нема промена на изборниот модел, посочи Стоилковски.

Прашан дали би го гласале ли Јован Митревски за претседател на Собранието, Стоилковски рече дека тоа е не битно во моментот.

-Важно е дека Талат Џафери по избор на Мала Речица и со една уцена од ДУИ кон СДС ќе биде премиер во следниот период без никаков легитимитет, потенцира Стоилковски.

За изјавата на ДУИ дека следен проект им е шеф на државата, Стоилковски рече дека следен проект на ДУИ е заминување во длабока опозиција.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Трендафилов призна дека СДСМ и Левица стојат зад протестите на ССМ

Катерина Ѓуровски