ВМРО-ДПМНЕ: По дезертерот Ковачевски, доаѓа дезертерот од АРМ и деспот од Форино Талат Џафери, срам за Македонија

Од:

СДСМ забега со штетите кои ги предизвикува за Македонија. Ковачевски дезертирал од Армијата, правејќи се болен, само за да не ја отслужи својата обврска, исто како и неговиот наследник на местото технички премиер Талат Џафери, кој 2001-та од Армијата преминува во УЧК.

Деспотот од Форино ќе остане запаметен по неговите кршења на законот и процедурите и незаконскиот начин на кој беше поставен на тоа место. Тој одбиваше иницијативи за референдум ставајќи се во улога на врховен и уставен судија, потоа редеше европски знаменциња на сите штетни закони со кои оваа власт на ДУИ и СДС го крадеа народот и државата.

Исто така Талат Џафери ќе остане запаметен и по неуставното и незаконското донесување на законот за јазиците и редица други системски закони.

Сега јасно е зошто Ковачевски не се откажуваше од техничка влада. Дезертерот Ковачевски ќе биде заменет со нов дезертер Џафери, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ по идлуката на ДУИ да го предложат Талат Џафери за местото технички премиер.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Младите ќе добијат практикантство во општините и поддршка за иновации

Горан Наумовски

Милошоски: Филипче барем овој месец да ги стави интересите на државата на прво место

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Буџетот не е празен, ниту се загрозени пензионерите

Василевска: Македонија и оваа година ќе биде пример во регионот за исполнување на реформските задачи, нема да дозволиме опструкциите на СДС да го забават реформскиот процес

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче ќе ја распродава Македонија на рати оти мисли дека така ќе си купи премиерска фотелја

ВМРО-ДПМНЕ: Владата ќе продолжи со поддршка на домашната економија