Левица:Историчарите ги бојкотираат учебниците по концепција на Царовска

Од:

Веќе три години насилно и на мала врата се турка озлогласената Концепција за образование што ја промовираше Царовска. Здружението на историчари уште кога истата беше промовирана најостро ја осуди и ја оцени како штетна.

Точно толку време учениците немаат учебници, а министерот Шаќири го премолчува бојкотот на историчарите излегувајќи пред јавноста со паушални изјави дека нема рецензенти за учебниците, без да одговори зошто ниту еден историчар не сака да ги рецензира учебниците.
Истовремено професорите од Институтот за историја јасно и гласно кажуваат дека не прифаќаат да ги рецензираат учебниците по историја и општество за петто и шесто одделение бидејќи се против спојувањето на историја, географија, етика и граѓанско образование во еден наставен предмет наречен Историја и општество.

Учениците се оставени без основно наставно помагало- учебници и учат од подготвени материјали, што е во спротивност со важечкиот Закон за учебници.

Левица ги поддржува историчарите во нивната битка против Концепцијата за образование чија вистинска цел е имплементација на бугарските барања во македонското образование.

Го повикуваме министерот Шаќири итно да се откаже од имплементација на Концепцијата за да го разреши проблемот со недостаток на учебници и на таков начин да ги исполни обврските на кои е обврзан со Законот за учебници, реагираат од Левица.

Би можело да ве интересира

Левица: Власта ги одби амандманите за прогласување на Кожуф и Огражден за заштитени подрачја

Левица: Власта го одби амандманот за зголемување на противпожарните капацитети

(ВИДЕО) Мециновиќ: Време е да се отвори долгопотребната јавна дебата за суштински измени во Изборниот законик

Горан Наумовски

Пратениците на СДСМ, придружени од Левица поднесоа иницијатива за основање Анкетна комисија за пожарот во Кочани

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ прифаќа надзорна и анкетна комисија за Кочани, но да бидат вклучени и другите трагедии

Катерина Ѓуровски

Левица бара измени во Изборниот законик