ВМРО-ДПМНЕ: Политички и полициски структури на СДС го охрабруваа Палевски да шири токсична атмосфера и да сее омраза

Од:

Политички и полициски структури на СДС го штитеа и замижуваа пред поведението на Љупчо Палевски Палчо, затоа што им одговараше. Преку своите поткасти и емисии на интернет портал, ширеше омраза и создаваше токсична атмосфера. Власта го охрабруваше да навредува, клевети, да се заканува, а кога Палевски се почуствува доволно недопирлив премина на рекет, уцени и на крај заврши со двојно трагично убиство, се вели во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

– МВР, Спасовски, Ковачевски и СДС молчат за скандалот пред 7 месеци кој ја потврдува неказнивоста на Палевски. Имено Палевски и неговата група во месец мај 2023 била фатена со нелегално оружје додека копале злато, за сега Палевски и истите неговите соработници да бидат поврзани со едно од најгрозоморните убиства во Македонија. Ете тоа е резултатот на неказнивоста и нефункционалноста на институциите раководени од Ковачевски, Спасовски и СДС.

Двојното убиство немаше да се случи, ако обвинетите тогаш беа санкционирани за нелегано оружје. Нервозата во СДС е голема, затоа што не им e чиста совеста. Нервозни се затоа што народот гледа дека охрабруваа и дозволуваа сеење на омраза и создавање на токсична атмосфера. Нервозни се затоа што знаат дека постоеле пропусти во истрагата и затоа што знаат дека нивните грешки кои невешто ги кријат, чинат нечии животи – велат од партијата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче молчеше за загадената вода во Гостивар додека беше министер

Горан Наумовски

Левица: Честитки до ДПМНЕ – Македонија стана лидер во Европа и по случаи на западнонилска треска по глава на жител

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Ние работиме, СДСМ се дави во сопствениот хаос и лаги

Горан Наумовски

Борозан: Власта да направи анализи на водата во цела држава и јавно да ги објави резултатите

Левица: Економскиот „успех“ на ДПМНЕ е само пропаганда – поскап живот, слаби инвестиции и 1,44 милијарди евра дефицит

ВМРО-ДПМНЕ: Во случајот во Ново Село не се инволвирани деца, туку возрасни луѓе на Заев, осудени насилници и наркомани

Горан Наумовски