Констатирани тешки повреди кај малолетничката која вечерва беше удрена од возило во Скопје

Од:

Констатирани се тешки повреди кај малолетното девојче кое вечерва беше удрено од воизло кај бензинската пумпа „Лукоил“, на булевар „Србија“ во Општина Аеродром, соопшти Министерството за внатрешни работи.

-На 7.12.2023 во 16.25 часот на булевар „Србија” спроти бензинска пумпа возило „пасат” управувано од Д.Л. удрило во малолетен пешак. Во несреќата малолетничката се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза”, каде била пренесена за укажување на лекарска помош, информираат од МВР.

Оттаму исто така велат дека продолжува увидот од страна на екипа на СВР Скопје.

Би можело да ве интересира

Малолетник починал откако со мопед удрил во бетонски столб во неготинско Тимјаник

Тешка сообраќајна несреќа кај Камењане, осум лица повредени

Тројца повредени во сообраќајка на патот село Караорман – Штип

Поради сообраќајка во прекин сообраќајот на регионалниот пат село Караорман – Штип

Петмина повредени во сообраќајка на автопатот Скопје – Велес

Струмичанец e тешко повреден во несреќа кај кавадаречкото село Марена

Горан Наумовски