Јанкулоска го демантира Шилегов, бара извинување или ќе го тужи

Од:

За да го допрете дното неопходно е тоа да постои, но во случајот на СДСМ и портпаролот Петре Шилегов, дното го нема на видик. Со секоја нова одржана прес-конференција и со секоја нова исчитана манипулација, покажуваат дека се наоѓаат во слободен пад и дека тонат се подлабоко.

Ова е реакцијата од министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска по прес – конференцијата на портпаролот на СДСМ Петре Шилегов во врска со нејзината имотна состојба.

– Петре Шилегов лаже. СДСМ лаже. Тврдења на Шилегов дека сум заработила 200.000 евра во овие 5 години, ќе има можност да ги докаже на суд. Заради намалување на висината на оштетното побарување кое ќе го пријавам пред надлежниот суд, во наредните денови сум подготвена да му понудам можност јавно да се извини за изречените клевети и измислици и да каже кој му наложил да излезе со вакви невистини, се подвлекува во писмената реакција од Јанкулоска.

Таа информира дека новиот стан што го поседува, е набавен со продажба на стариот, подигнат е заем и долгорочен кредит од банките по пазарни услови. Граѓаните, посочува, овие тврдења може да ги проверат и на интернет страната на Државната комисија за спречување на корупцијата, а Шилегов, вели, ќе мора на суд да ја докажува „мистериозноста“ која му ја напишале и која ја прочита.

– Свесна сум дека последната успешна полициска акција „Шпион“ погоди многу структури во земјава и надвор од неа. Денеска видовме дека грчките владини извори на Катимерини го имаат истиот став кон овој мега случај како и опозициската СДСМ. Останува нејасно уште дали постои некаква координација и за денешната прес – конференција на Шилегов и фабрикуваните напади кон мене, потенцира во реакцијата Јанкулоска.

Јанкулоска во писмената реакција ги повикува надлежните институции колку е можно побрзо да постапат и да утврдат дали има какви било незаконски дејствија во нејзиното работење и наводното богатење за 200.000 евра кое денеска, тврди, го измисли Шилегов.

Би можело да ве интересира

Во акција на МВР и АНБ: Запленето електронски докази, оружје и куршуми

СДСМ: Театарот на Мицкоски за „внатрешни непријатели“ е обид да се сокрие вистината за бугарските пасоши

Горан Наумовски

СДСМ: Во Македонија нема место за нова верзија на Груевизмот со Тошковски во главна улога

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кузеска: Тошковски кога ќе порасне сака да биде како Груевски

А1он

(ВИДЕО) СДСМ: Со 10 денари за откуп на пченица ВМРО-ДПМНЕ го закопа македонското земјоделство

А1он

Нападнат полицаец на Водно