Јаневска: СДС и ДУИ го уништија образованието, како резултат на тоа Македонија е на дното на ПИСА рангирањето

Од:

Образовните политики, ако така можат да се наречат, кои ги спроведуваше Владата на СДС и ДУИ во изминатите години, доживеаја целосен крах. Образовниот систем во државата го допре дното и за тоа веќе имаме потврда и од ОЕЦД како најрелевантна меѓународна организација која ги мери знаењата на учениците, вели Весна Јаневска од ВМРО-ДПМНЕ.

– Резултатите од последното ПИСА тестирање спроведено во 2022 година, зажал се катастрофални. Значително намалени во однос на резултатите постигнати на претходното тестирање во 2018 година. Македонија е на дното на ранг листата и во конкуренција со земјите од т.н. трет свет. Или поточно, од вкупно 81 земја кои биле дел од тестирањето, се наоѓаме на 71 место во читање со разбирање, на 68 место по знаења од областа на природните науки и на 61 место по постигањата во областа на математиката. Во сите три области нашите ученици постигнуваат значително потпросечни резултати. Раководството на Владата и на Министерството за образование и наука овој факт се обидуваат да го релативизираат, препишувајќи ги намалените резултати како последица на пандемијата, што апсолутно не е точно. Пандемија немаше само во Македонија. Ова е резултат на неспособните кадри на СДС и ДУИ. Ова е исходот на непромислените и насила направени промени во образовниот систем во изминатите 7 години, почнувајќи од Рената Дескоска, Арбер Адеми, Мила Царовска, па се до актуелниот министер Јетон Шаќири, рече Јаневска.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Не постои барање од Бугарија кое уценетиот Филипче нема да го исполни за да дојде на власт

Милошоски: Кадарот на Филипче, Заев и Ахмети, Ислам Абази ја запре судската постапка за сомнителната набавка на мазут вреден 167 милиони евра

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче лажеше дека Бугарија не го негира нашиот идентитет, за министерката за надворешни работи на Радев сме ,,северномакедонци”

Манасиевски: Филипче по стапките на Заев, подготвен да ги исполни бугарските барања на штета на Македонија

Мециновиќ: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ саботираат една изборна единица

Панова: Стратегијата на претходната влада не донесе во ќорсокак со евроинтеграциите