(ВИДЕО) Објавена вознемирувачка снимка: Израелски војници пукаат во Палестинец со посебни потреби

Од:

Видео објавено од Си-Ен-Ен покажува човек во воена униформа како пука и ранува Палестинец со психички проблеми во близина на окупираниот град Хеброн на Западниот Брег. Тарек Абу Абед, познат на пријателите и семејството како Газави, вчера се враќал дома кога тројца мажи во воени униформи го запреле и побарале идентификација, изјави братот на Тарек Дија Абу Абед во телефонско интервју за Си-Ен-Ен.

Видеото можете да го погледнете на овој линк.

„Секој што ќе го запознае Тарек може веднаш да разбере дека има посебни потреби. Неговиот мозок работи како детски“, рече тој. Кога Тарек им рекол на мажите дека нема лична карта, настанала расправија која кулминирала со пукањето во Тарек, според неговиот брат.

Израелските одбранбени сили (ИДФ) потврдија за Си-Ен-Ен дека израелските војници биле вклучени во конфронтација со ментално растроен маж во близина на Хеброн.

Оттаму додаваат дека воената полиција го истражува инцидентот. „Врз основа на првичните достапни информации, се чини дека за време на проверката извршена претходно денеска во близина на градот Хеброн, еден Палестинец бил застрелан во ногата и бил евакуиран за да добие медицинска помош“, се вели во соопштението на ИДФ.

Дија тврди дека еден од сведоците му се јавил и дека набрзо пристигнал на местото на настанот. Палестинската Црвена полумесечина вчера соопшти дека од Калкас во болница пренела 34-годишен маж со прострелна рана на ногата. Тарек претрпел тешко крварење и бил опериран на ногата, рекол неговиот брат.

Војната меѓу Израел и Хамас се прошири на Западниот Брег со напади на доселеници и судири во кои загинаа стотици Палестинци. Најмалку 256 Палестинци се убиени од израелски војници или израелски доселеници на Западниот Брег и Источен Ерусалим од 7 октомври, според палестинското Министерство за здравство.

Би можело да ве интересира

ОН: Израелските доселеници протераа повеќе од 1.720 Палестинци од Западниот Брег

Бајден: Издавањето налог за апсење на израелски лидер е срамота

Горан Наумовски

Најмалку 47 лица загинаа, а 22 се ранети во израелски напад врз Балбек-Хермел во Либан

Израел и Хезболах продолжуваат да се борат и покрај преговорите

Меѓународниот кривичен суд издаде налог за апсење на Нетанјаху

Сирија: Израел изврши воздушен напад врз областа на античкиот град Палмира