ВМРО-ДПМНЕ: Монструмот Палевски е и последица на токсичната атмосфера и говорот на омраза која непречено ја продуцираше на поткастите

Од:

Убиството на Вања и создавањето на монструмот Палевски е и последица и на лажната недопирливост која Палевски и неговата банда со поткасти ја чувствуваа и работеа непречено, а преку која ширеа токсична атмосфера. Сето ова се случуваше пред лицето на МВР кое поради политичка пресметливост и конекции со оваа групација го амнестираше ваквото однесување, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Со години Палевски добива медиумски публицитет каде жигосуваат луѓе и сеат говор на омраза, невистини и шпекулации. Со години Палевски и неговите соработници шиканираат луѓе преку својата емисија, оцрнува луѓе, повикува на тепање и друг вид насилство. Палевски ширеше говор на омраза, располагал со информации добиени од власта, „бомби на СДС“ и тоа поминуваше неказнето. Палевски и неговата банда не можеле досега да функционираат и да поминуваат без санкција, ако зад нив не стои врвот на власта и им се дава лажна претстава за моќ поради кои рекетираа и изнидуваа пари. Оливер Спасовски, како шеф на МВР е одговорен и најповикан зошто со години дозволува Палевски и неговата рекетарскa ориентирана банда да шират токсична атмосфера, да се закануваат и да шиканираат луѓе, но и за неговото бегство. Спасовски не може да се амнестира, зошто со години не презема ништо за санкционирање на Палевски“, тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Ислам Абази стана џелат на правдата и ги спасува криминалците од СДС и ДУИ

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче најгласно се залага за спроведувањето на бугарските барања

СДСМ: После ЗНАМ, и ВМРО-ОКГ се соочува со распад и поделби

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС не нуди решенија, туку борба за власт

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче се без концепт

ВМРО-ДПМНЕ: Чекаме Филипче и СДС да расчистат со политичките случувања во другите држави, за да се вратат во реалноста и да почнат да бидат опозиција во Македонија