Властите во Киев се обидоа да изврши терористички напад користејќи беспилотни летала и гаѓајќи објекти на територијата на Русија, соопшти утринава руското Министерство за одбрана, пренесува државната новинска агенција Тас.
„Спречен е обид на режимот во Киев да изврши терористички напад со помош на беспилотни летала врз објекти на руска територија. Дежурните единици за противвоздушна одбрана уништија 22 украински беспилотни летала и пресретнаа уште 13 над Азовското Море и во воздушниот простор над Крим“, се вели во соопштението.
Претходно во текот на ноќта, руските власти најавија затворање на Кримскиот мост, апелирајќи до оние што останаа на мостот „да останат смирени и да ги следат упатствата“. Кримскиот мост, кој го поврзува окупираниот полуостров со руското копно, веќе беше цел на украински напади на Крим.
Киев Индипендент пишува дека не е јасно дали нападите резултирале со жртви или материјална штета.