Против Љупчо Палевски во изминативе години се поднесени пет кривични и прекршочни пријави

Од:

Поради поставени прашања од поголем број медиуми во врска со Љ.П., осомничен за убиствата на В.Ѓ. и П.Ж., за тоа какви пријави се поднесени против него во претходниот период, МВР информира дека во 2019 година е поднесена кривична пријава за неовластено прислушкување и тонско снимање, а во текот на 2019 година поднесени се прекршочни пријави поради омаловажување на полициски службеник.

– Во 2020 година е поднесена кривична пријава за недозволено држење на оружје или распрскувачки материи и непостапување според здравствени прописи за време на епидемија. Во 2005 година е поднесена кривична пријава за злоупотреба на службена положба и овластување и посебни случаи на фалсификување исправа, во 2002 година за лажно пријавување на кривично дело, а во 2000 година за даночно затајување, соопштија денеска од МВР.

Би можело да ве интересира

„Кажете само колку пари треба“, таткото на Вања напишал порака за откуп во погрешна група па ја избришал

Катерина Ѓуровски

Aдвокатот на Палчо вели: Нема можност обвинетиот Палевски да биде поврзан со конкретните кривични дела

Палевски и соработниците седнуваат на обвинителна клупа, почнува судењето за убиството на Вања и Панче

Горан Наумовски

Одобрено е обвинението против Љупчо Палевски

Горан Наумовски

Палевски спроведен пред судија на претходна постапка

Предраг Петровиќ

Десна на Палчо излегува на парламентарни избори: Новиот претседател на партијата носител во единицата

Александар Тодески