МВР: Пресечен меѓународен канал за транспорт на наркотици, запленета дрога вредна 120.000 евра

Од:

Денеска на влезот во Гостивар, МВР во координирана акција од Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје, откри меѓународен транспорт на 32 килограми марихуана, вредна околу 120.000 евра, од Република Албанија во Република Северна Македонија.

„На местото биле запрени две патнички возила „мерцедес“ во кое биле К.Л.(35) од Скопје, со престој во Горна Матка, В.Б.(46) од Скопје, со престој во Горна Матка и албанскиот државјанин Г.Џ.(42), било претходница. Во второто возило кое го управувал М.А.(44) од село Грчец, била транспортирана дрогата. На знак за запирање, даден од полициски службеници, возилото не застанало и се обидело да побегне, но набргу било запрено и во багажникот биле пронајдени три торби со околу 32 килограми марихуана. Криминалната група била организирана од септември 2023 година од албанскиот државјанин, кој бил баран со потерница во Република Албанија и други држави од Европската Унија, исто така, за недозволена продажба на наркотици. Во периодот од септември до сега тој организирал транспорт на дрога од Албанија во нашата држава, по што во Скопје организирал мрежа на препродавачи. Лицата се уапсени, а во текот на денот, со судска наредба, се извршени претреси на пет локации во Скопје, при што биле пронајдени марихуана и други материјални докази за нивната инволвираност во вршење на кривичното дело. По целосно расчистување и документирање на случајот, против лицата ќе биде поднесена соодветна кривична пријава“, велат од МВР.

Би можело да ве интересира

Лишени од слобода седум лица, сузбиена организирана криминална група инволвирана во недозволена трговија со дрога

(ВИДЕО) Спречен е транспорт на дрога во близина на Градско, уапсени се две лица

Разбиена мрежа за дрога – повеќе од 100 уапсени во Украина, Полска и Молдавија

А1он

Филипче: Немам врска со било која фирма за марихуана, власта прави дефокус од скандалот со 5 тони дрога

Уапсени се тројца гостиварци – кај нив најдена дрога и оружје

А1он

(ВИДЕО) Петрушевски: Над 2/3 од 27 тони запленета дрога е од фирма на кадар на СДС, соработник на Зоран Заев

Горан Наумовски