Четири лица се убиени, меѓу кои две деца, во прободување со нож во Квинс во неделата наутро.
Убиени се 11-годишно девојче, 12-годишно момче, 44-годишна жена и 30-годишен маж, а се претпоставува дека сите се членови на семејството, соопшти полицијата.
Во нападот се повредени три лица, од кои едно потешко. Меѓу повредените има и двајца полицајци кои дошле на местото на настанот.
Според Си-Ен-Ен, полицијата добила итен повик веднаш по 5 часот наутро од млада жена која рекла дека нејзиниот братучед ги убил членовите на нејзиното семејство, изјави началникот на полицијата во Њујорк, Џефри Мадри на прес-конференција.
По пристигнувањето, полициските службеници виделе како излегува маж со багаж, кој на полицајците им извадил кујнски нож, еден го прободел во вратот и градите, а другиот го повредил во главата, додаде началникот.
– Еден од полицајците извадил оружје и пукал, убивајќи го осомничениот, рече Мадри.