На илјадници болници ширум светот им се заканува затворање поради екстремните временски услови

Од:

Илјадници болници ширум светот ќе бидат „под висок ризик од целосно или делумно затворање поради екстремни временски услови“ доколку фосилните горива не бидат постепено укинати до крајот на овој век, соопшти денеска компанијата за анализа на ризик XDI.

Во анализата на околу 200.000 болници ширум светот за ризикот од штета од опасностите од климатските промени, XDI заклучи дека секоја 12-та болница, или 16.000 од нив, е изложена на висок ризик од целосно или делумно затворање поради екстремни временски услови без постепено отстранување на фосилите горива, пренесува Ројтерс.

„Ризикот од оштетување на болниците поради екстремни временски услови веќе е зголемен за 41 отсто од 1990 година поради емисиите на стакленички гасови“, се наведува во извештајот, но исто така се додава дека „ограничувањето на глобалното затоплување на 1,8 степени Целзиусови ќе го намали брзото елиминирање на фосилните горива на половина“.

Би можело да ве интересира

Здравствените установи ќе работат континуирано и без прекин за време на министерскиот состанок на ОБСЕ

Во ЕУ пет, во Македонија има 4,2 болнички кревети на 1 000 жители

Ландов

Филипче: Постепно се враќаат во функција дел од ЈЗУ и клиниките

А1он