Во раните утрински часови невреме го зафати градот Власеница во Босна и Херцеговина. Поради силните налети на ветерот паднал далновод кој предизвикал голем пожар, пренесува Аваз.
Drama u Vlasenici: Olujni vjetar oborio dalekovod i izazvao požar, stanovnici evakuirani. pic.twitter.com/DlRAyA2L82
— Dnevni avaz (@DnevniAvaz) December 2, 2023
Сите расположливи пожарникари се на терен и се обидуваат да го локализираат пожарот и да го стават под контрола.
„Точно е дека има пожар и дека сите пожарникари се на терен, само тоа можам да ви кажам засега“, изјавил за Аваз оперативецот од дежурната полициска станица.
Читателите на Аваз јавуваат дека поради пожарот било евакуирано и населението.