Негативен природен прираст во третиот квартал од годинава

Од:

Според податоците на Државниот завод за статистика, во третото тримесечје од 2023 година, бројот на живородените се 4.453 деца и во споредба со истиот период од претходната година е помал за 9.8 %.

Бројот на умрените лица во третото тримесечје од 2023 година бележи намалување од 6.8 % во споредба со истото тримесечје од 2022 година, односно починале 4.747 лицa, а од нив осум се умрени доенчиња.

Природниот прираст е негативен, – 294 лица, што значи дека за толку лица е помал бројот на живородените деца од бројот на умрените лица.

Во третото тримесечје од 2023 година се склучени 4.116 бракови, што претставува намалување од 11.4 % во споредба со истиот период од 2022 година.

Во ова тримесечје се разведени 301 брак.

Би можело да ве интересира

Намален наталитет и негативен природен прираст во четвртиот квартал од 2023 година

Природниот прираст во негатива од 711 лица во вториот квартал

Природниот прираст негативен, бројот на склучени бракови зголемен за 140,8 отсто

А1он

Во третиот квартал природниот прираст негативен, починати се 23 доенчиња

Катерина Ѓуровски