Променливо облачно со сончеви периоди и релативно топло

Од:

Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и релативно топло. Ќе дува умерен, наместа засилен ветер (над 60 км/час) од јужен правец, што ќе услови понатамошно топење на снежната покривка на планините. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 14 до 19 степени.

Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди и релативно топло. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 18 степени.

Под влијание на влажен бран во недела ќе има локални врнежи од дожд. Ветерот ќе го промени правецот во северен и ќе засилува, а од понеделник температурите ќе опаднат.

Би можело да ве интересира

Денеска ќе биде променливо облачно со температура до 10 степени

Денеска променливо облачно со повремен снег

Претежно сончево со мала облачност, температури до 13 степени

Денеска променливо облачно со сончеви периоди

Денеска променливо облачно со сончеви периоди

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди