ВМРО-ДПМНЕ: За косата на Шекеринска 4 години затвор, а за украдени 1 милион евра две и пол години

Од:

Измените на Казнениот законик најдобро се гледаат во денешната пресуда на Мухамед Зекири. Казната во старите одредби на законикот изнесуваше најмалку 5 години затвор (а најмногу 20), а со новите законски измени, затвор до 5 години.

За косата на Радмила Шекеринска човек е казнет 4 години затвор, а за украдени 1 милион евра Зекири е осуден на две и пол години затвор. Ова се придобивките од шверцерските измени кои беа направени пред еден месец.

СДС фразата „Нема правда нема мир“ ја претвори во мртво слово на хартија. Селективната правда е неправда, за едни правосудниот систем е мајка и дава благи казни, а за други е маќеа и драконски ги казнува. Во конкретниот случај, правосудните органи не се ни потрудија да ја прошират истрагата и да откријат кој се стои зад овој скандал со злоупотреба на народните пари. Самиот Зекири кажува дека целата постапка ја водел според тоа како му кажале во влада, особено според насоките на Фатмир Битиќи, кој бил одговорен за процесот и кој ги давал насоките за физибилити студијата за приватизација на македонски пошти.

Впрочем токму во тоа треба да се бара олеснителната казна за Зекири, реагираат по пресудата од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?