А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Левица: Квислиншката власт ја премолчува бугаризацијата на Македонците во Албанија

by А1он30/11/2023 - 16:45579
Share0

Левица претходно ја информираше јавноста за процесот на бугаризација на македонското малцинство во Албанија, што се врши преку различни притисоци, поткуп, уцени и закани, од страна на бугарските функционери и служби кои „оперираат“ во местата каде живее македонското население, од отпочнувањето на пописот во соседна Албанија, соопштуваат од партијата.

Добивај вести на вибер

Индикациите говорат дека овој притисок е системски и се врши заеднички од официјалните власти на Албанија и Бугарија, заради тоа што на бугарските служби им се оставени одврзани раце за вршење притисоци, додека Албанија, која има задача да ги заштити основните граѓански и политички права на граѓаните, не постапува по ниту една пријава за кршењето на човековите права, поднесена од македонското малцинство!

За жал, овој процес би бил невозможен и без домашните колаборатори. Министерот Османи, како и целата Влада на СДСМ и ДУИ е известена за притисоците кои се вршат врз Македонците во Албанија, а од страна на Левица беше побарана и итна реакција и поднесување на протестна нота до двете страни – до бугарската заради вршење притисок и до албанската заради непостапување при пријави за нелегални притисоци. Сепак, нема никаква официјална реакција од македонската Влада, што ги прави соучесници во бугаризацијата на македонското малцинство во Албанија.

Левица уште еднаш ја акцентира опасноста од бугаризација на македонското малцинство во Албанија! Бараме итна и соодветна реакција од МНР кое до сега води колабораторски политики. Очекуваме Европската комисија, во најмала рака, да ги нотира дискриминаторските политики во пописот кој го спроведува Албанија и истовремено повикуваме на раскинување на т.н. Договор за добрососедство од Заев и Борисов, чии плодови се негаторските политики кон македонската историја, јазик, култура, држава и народ, соопштуваат од Левица.

levicapustec

Би можело да ве интересира

Левица: Ристовска врши тортура врз вработените во ДКСК

Горан Наумовски07/02/2026 - 12:2207/02/2026 - 12:23

Крмов: Левица ќе поднесе интерпелација за антикорупционерката Цвета Ристовска

А1он05/02/2026 - 16:4305/02/2026 - 16:46

Левица со Предлог – закон за департизација и искоренување на непотизмот во јавното здравство

Горан Наумовски05/02/2026 - 10:15

Мециновиќ: Влада фокусирана на олигархијата, глува за сиромаштијата

Горан Наумовски04/02/2026 - 15:20

Левица: Не е точно дека Цвета Ристовска од Антикорупциската комисија немала обврска да ја пријави фирмата на нејзиниот син во анкетниот лист

Горан Наумовски03/02/2026 - 20:03

Левица: Министерот – глумец контра правата на културните работници

Горан Наумовски03/02/2026 - 18:12
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен