Се олеснува постапката за вработување странски државјани

Од:

За да се олесни постапката за добивање дозвола за вработување или работа на странците во Македонија, се менува односно дополнува постојниот Закон за вработување и работа на странци, кој беше донесен во 2007 година.

Собраниската Комисија за труд и социјална политика денеска го даде на натамошно читање дополнувањето на Законот, со кој се предвидува намалување на бројот на документите кои странецот треба да ги приложи пред Агенцијата за вработување, што Агенцијата во натамошна постапка ќе ги бара од надлежните институции по службена должност.

Исто така, ќе се овозможи, Агенцијата за вработување по донесување на посебен акт да може да ги наплати трошоците во процесот на прибирање на документи од други институции неопходни за постапката за издавање на работна дозвола, како и Агенцијата по службена должност да направи прекин на работниот однос по истекот на работната дозвола на странецот.

Кон дополнување на Законот е пристапено, како што појасни на денешната седница, претставникот на Министерството за труд и социјална политика, за да се надминат констатираните слабости.

На дневен ред на Комисијата, исто така, во прво читање беше и Предлог-законот за правда на децата.

Би можело да ве интересира

Нови правила за игрите на среќа: Казината 500 метри од училишта, забрана за апарати во обложувалници

Горан Наумовски

Именувана е новата унгарска влада

Левица: Економската приказна на Владата се распаѓа – ни ребаланс не го спасува буџетот

Горан Наумовски

Влада: Попустот на горивата продолжува до 18 мај

Течниот нафтен гас намален за пет денари за литар

Катерина Ѓуровски

Продолжува мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати, Владата очекува намалување на малопродажните цени