Израел: Напаѓачите во Ерусалим веќе биле во затвор поради тероризам

Од:

Двајцата вооружени напаѓачи во престрелката утринава во Ерусалим веќе биле во затвор поради терористички активности, соопшти израелската агенција за безбедност.

Станува збор за Мурад Намр (38) и неговиот брат Ибрахим Намр (30). Мурад помина 10 години во затвор за планирање терористички напади, беше ослободен во 2020. Ибрахим заврши во затвор во 2014 година.

Израелските медиуми го објавија идентитетот на лицата убиени во утринската престрелка. Убиени се рабинот Елимелех Васерман (73), Чана Иферган (64) и Ливија Дикман (24).

Тајмс оф Израел пишува дека Васерман бил судија во израелскиот рабински судски систем и дека Иферган бил директор на училиште во градот Беит Шемеш.

Би можело да ве интересира

Бајден: САД ќе престанат да му доставуваат оружје на Израел

Америка ја прекина испораката на бомби во Израел

ВИДЕО: Израел презеде контрола над преминот Рафа

Белгија ќе го покрене прашањето за санкции против Израел во ЕУ

Руски наредник уби командант и пет војници

Нетанјаху и забрани на Ал Џезира да емитува програма во Израел