(ВИДЕО) 84-годишен Американец до смрт ја претепа сопругата откако се скарале за мачката

Од:

84-годишен маж од американската сојузна држава Пенсилванија е обвинет за убиство на својата сопруга по расправија околу финансиските трошоци за ветеринарната нега на нивната мачка. Бартон Селтман е уапсен во вторникот откако полицијата ја пронашла неговата сопруга Маргарет Селтман (85) мртва, јавува NBC News.

“Двојката се расправаше за пари за ветеринарната нега на нивната мачка и во еден момент конфликтот пламнал. Доказите пронајдени на местото на настанот покажуваат дека жртвата била повеќекратно удирана во главата додека лежела на подот во кујната”, соопшти полицијата.

Властите велат дека Селтман сам ги повикал по инцидентот. Кога пристигнале, полицајците нашле маж на задниот трем со крв на рацете, лицето и облеката. Селтман првично рече дека некој ја претепал неговата сопруга, за подоцна да признае дека ја нападнал откако таа грабнала нож и му се заканила дека ќе го убие.

Селтман на полицијата и рекол дека грабнал стол и со него ја турнал сопругата, која потоа паднала и ја удрила главата на подот.

Би можело да ве интересира

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија

САД испраќаат голем пакет помош за Украина

Американскиот секретар за одбрана: За 1.000 дена војна Путин не постигна ниту една стратешка цел

Песков: Има телефонска врска меѓу Кремљ и Белата куќа, но не е активна