ЦИА и Мосад разговараат за можни решенија за Газа

Од:

Шефовите на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) и на израелскиот Мосад вчера се сретнаа со катарскиот премиер во Доха за да разговараат за следните чекори по дводневното продолжување на примирјето меѓу Израел и палестинската група Хамас, изјави за Ројтерс извор запознаен со посетата. .

Состанокот, како што се вели, требаше да „надгради на напредокот на договорот за продолжената хуманитарна пауза и да иницира понатамошни дискусии за следната фаза од потенцијалниот договор“, изјави изворот за Ројтерс. Изворот, сепак, истакнува дека исходот од разговорот бил нејасен.

Директорот на ЦИА Вилијам Барнс беше во Доха „на состаноци за конфликтот меѓу Израел и Хамас, вклучително и дискусии за заложниците“, изјави американски функционер кој сакаше да остане анонимен. Инаку, Катар, кој е домаќин на неколку политички лидери на Хамас, ги води преговорите меѓу палестинската милитантна група и Израел.

На средбата, официјалните лица разговарале за можните параметри од новата фаза од договорот за прекин на огнот. Тие, како што се посочува, разгледале што е потребно за да се постигне прекин на огнот кој би траел повеќе од неколку дена.

Пред состанокот, катарските власти разговараа со претставници на Хамас за да добијат увид во тоа што групата може да се согласи.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Глад во Газа, на северот никаква помош нема цели 40 дена

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Глад во Газа: По шест часа се чека за векна леб

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Последните моменти од животот на лидерот на Хамас: го бараа една година, го убија случајно

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нови израелски напади и многу мртви во Газа

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Најмалку 30 мртви во израелскиот напад на бегалскиот камп Џабалија во Газа

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Фотографија на мајка и дете од Газа залепена на слика на Пикасо во Лондон