Путин испрати предупредување до Западот: Нема да дозволиме никој да ја подели Русија

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин го предупреди Западот, пред претседателските избори во земјата во март 2024 година, дека секое странско мешање во Русија ќе го смета за агресија.

Додека зборуваше на Светскиот совет на рускиот народ, со кој претседава поглаварот на Руската православна црква, патријархот Кирил, сликата на Путин беше прикажана на голем екран покрај две големи стари православни икони.

Руската православна црква отворено ја поддржува војната на Русија во Украина, а Путин го прифаќа нејзиниот конзервативизам како дел од неговата визија за рускиот национален идентитет.

Путин рече дека Западот е зафатен од расистичка русофобија која ги прикажува Русите како нација на заостанати „робови“ и предупреди дека САД, според него, сакаат да ја распарчат Русија и да ги ограбат нејзините огромни ресурси.

71-годишниот Путин, исто така, ги предупреди Русите дека треба да ги научат лекциите од Болшевичката револуција во 1917 година, Граѓанската војна и распадот на Советскиот Сојуз во 1991 година, кои според него го поделиле рускиот народ.

„Сакам да нагласам – секое надворешно мешање, провокации насочени кон предизвикување меѓуетнички или меѓурелигиски конфликти ги сметаме за агресивни акти против нашата земја“, рече Путин.

„Секој обид да се сее меѓуетнички или меѓуверски раздор, поделба на нашето општество, предавство е злосторство против цела Русија. Нема да дозволиме никој да ја подели Русија“, додаде тој.

Изборната кампања за претседателските избори ќе започне следниот месец и се очекува Путин да се кандидира.

Путин е на власт од 2012 година, а пред тоа владееше од 2000 до 2008 година.

Патријархот Кирил рече дека ќе се моли Путин да продолжи да работи „за доброто“ на Русија и рускиот народ.

Би можело да ве интересира

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина

Адмирал на НАТО до претприемачите: Подгответе воено сценарио

НАТО: Се подготвуваме за „прецизни удари“ ако дојде до војна помеѓу нас и Русија

Лондон воведе санкции за уште 30 руски бродови кои помагаат да се заобиколат западните ограничувања

Русите се подготвуваат за нов напад на Запорожје

(ВИДЕО) Авион се запали при слетување во Анталија, сите 79 патници се безбедно евакуирани

А1он