Вања објавена на сајтот МВР: Носи протези, висока е 175

Од:

14-годишната Вања се уште ја нема. Трае интезивната потрага по неа, а од МВР велат дека се мобилизирани сите ресурси.

Официјално и фотографија на малолетната Вања е објавена и на сајтот на МВР во делот исчезнати лица.

„ ЃОРЧЕВСКА ВАЊА татко Александар мајка Зорица род.27.02.2009 год. во Скопје каде и живее.

Исчезната на 27.11.2023 год. во утринските часови на пат кон ООУ „Песталоци“ во општина Центар-Скопје.

Опис: висина 175 см, тежина 58 кг, коса темно кафеава, очи кафеави, носи протези на горни и долни заби,има бемка на десна страна од лицето. Облечена во плав блузон, црна јакна, црни фармерки со странични џебови, бели патики со кафеави линии.Со себе носи школски ранец и мобилен телефон марка Ајфон.“ стои во објавата на МВР.

Според информациите девојчето заминало утрината на училиште во 7 часот и 30 минути и оттогаш и се губи трагот. Нејзиниот телефон е исклучен оттогаш, а според мајката последна локација каде била вклучена е во близина на „ Броз кафе“ во Дебар Маало. Како што беше објавено во апелот за нејзино пронаоѓање Вања има црна јакна, син блузон и бели патики.

Полицијата ги прегледува и сите камери кои ги имаат локалите или продавничките во близина на местата каде девојчето би можело да се движи. Но засега нема официјални информации. Поминаа 24 часа откако малолетната Вања е последен пат видена.

Би можело да ве интересира

Судењето за убиството на Вања и Панче презакажано за 9 јуни

Продолжува судењето за убиствата на Вања и Панче, се изведуваат дополнителни докази

Катерина Ѓуровски

Бранителите на Палевски и Видевски бараат вештачење на пронајдената чаура

Видевски не бил на работа на денот на убиството на Вања, немало пробно пукање со неговиот пиштол

Палевски со снимки докажува дека тројца, а не четворица го грабнале Панче Жежовски

Катерина Ѓуровски

Ќе се изведуваат дополнителни докази, продолжува судењето за убиствата на Вања и Панче