Москва: Нема средба меѓу Лавров и Блинкен во Македонија

Од:

Москва објави дека рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и американскиот државен секретар Антони Блинкен нема да се сретнат на состанокот на ОБСЕ во Северна Македонија оваа недела.

Лавров ќе дојде во Скопје откако Бугарија дозволи прелет на неговиот авион. Тој посочи и дека некои западни земји побарале средби со него.

Од руската инвазија на Украина во февруари 2022 година, средбите во живо меѓу руските министри и министрите на западните земји се ретки.

Заменик-министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Рјабков изјави дека Вашингтон не побарал средба, „нема да побара и нема да има средба“, пренесува Тасс.

Состанокот на ОБСЕ, кој има 57 членки, се одржува на 30 ноември и 1 декември.

Би можело да ве интересира

Ватикан повика на крај на војната во Украина по разговорите со Лавров

Лавров: Велика Британија е вклучена во нападите на руска територија

Лавров: Русија ќе ги постигне сите цели во Украина и ќе примени побрутални методи против западната машинерија

Лавров: Путин не крие дека ситуацијата е сериозна

Рубио по средбата со Лавров: САД се подготвени да понудат нови идеи за мир во Украина

Лавров ја пренесе пораката на Путин: Русија не планира напад, но ќе одговори неконвенционално на нападот од Европа