Затворени улици и променети автобуски линии поради генералната проба за самитот на Обсе

Од:

Неколку сообраќајници во Скопје денеска ќе бидат затворени како дел од генералната проба во пресрет на 20. Министерски совет на ОБСЕ што од среда до петок ќе се одржува во Спортско-рекреативниот центар „Борис Трајковски“.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека за сообраќај ќе бидат затворени булеварот „Илинден“ од крстосницата со булеварот „Св.Климент Охридски“ до крстосницата со улицата „Љубљанска“, како и булеварот „8-ми Септември“ од крстосницата со улицата „Скупи“ до крстосницата со булеварот „Партизански Одреди“.

Поради генералната проба и затворањето на неколкуте сообраќајници, во периодот од 9 до 12 часот изменет возен ред ќе имаат и автобусите со број 7, 8, 15, 15А, 18, 19, 21А, 26, 29, 59, и 118.

Линиите 8 и 15А наместо по булевар „Илинден“, ќе продолжуваат по булевар „Партизански одреди“.

Линии 7, 15, 19, 26, 29 и 59 – наместо на крајните терминали во Карпош 3 и Карпош 4, ќе продолжуваат по булевар „Партизански одреди“, десно по улица „Никола Парапунов“ (стара телевизија) од каде веднаш ќе продолжуваат десно по булевар „Илинден“, па десно по улица „Љубљанска“, па со лево свртување ќе продолжуваат по булевар „Партизански одреди“

Линии 18, 21А и 118 – од булевар „Крсте Петков Мисирков“ ќе продолжуваат право кон Бит пазар, потоа по булевар „Никола Карев“ (Пластичарска улица) и од кај Момин поток ќе продолжуваат по сопствените редовни траси до крајните стојалишта.

Би можело да ве интересира

Поради фудбалскиот натпревар Македонија-Летонија, посебен сообраќаен режим во Скопје

Изменет сообраќаен режим на булевар „Србија“ поради снимање филм

Заврши Министерскиот совет на ОБСЕ во Скопје, постигнат консензус за идниот претседавач, но не и за буџетот

Лавров за Бугарија: Луѓето во Македонија имаат право да бидат еднакви со сите во Европа, имам топли чуства за вас

A1on

Лавров за изолирањето на Русија во ОБСЕ: Јас сум тука во Скопје, а Блинкен избега како кукавица

A1on

Лавров: ОБСЕ реагира само за луѓето за кои има интерес, не се работи за сите луѓе како што тврдите во слоганот на Османи

A1on