Зајкова во Софија: Ни треба Европа обединета и стабилна, со променет пристап за проширување

Од:

Потребен ни е нов пристап за проширувањето за да имаме европска стабилност, потенцираше на македонски јазик претседателката на Либерално демократската партија Моника Зајкова на конференцијата „Повторно креирање на Европа: Либералната визија за Европа во иднината“ , што викендов се одржува во Софија, Република Бугарија.

Таа, во рамки на панелот „Стара Европа – Нова Европа – Европската интеграција денес и во иднина“, на кој говореа и Стефан Сеџорне, претседател на „Обновена Европа“ во Европскиот парламент, Илхан Кјучук европратеник, копретседател на партијата АЛДЕ и Танер Кабиов, член на Движењето за права и слободи, се осврна на руската агресија против Украина, нагласувајќи дека со војната уште еднаш се демонстрирала потребата за инвестицијата во геостратешката определба за стабилна и обединета Европа.

„Немаме потреба да ја заборавиме географијата во политиката. Географијата е круцијална за проширувањето. Ние живееме на европскиот континент и затоа природно припаѓаме во Европската Унија. ЕУ треба да одговори на новиот геополитички контекст“, рече Зајкова.

Таа потенцираше дека очекувањата на народот во процесот на интеграција се причина за да се обнови Европа.

„Мир, стабилност и слобода – ова се клучните точки што ги користиме за да ја опишеме Европска Унија. Го убедуваме народот дека европската агенда е единствениот пат кој ќе обезбеди бескрајни можности надвор од границите на нашата земја, а со тоа и подобар квалитет на живот за нас и за генерациите што доаѓаат. Зборуваме за споделување на позитивни практики и знаење, проширениот пазар, сета помош, како и за програмите кои можат да ни бидат на располагање кога ќе станеме полноправни членки на ЕУ. Но, некако, луѓето почнаа да се чувствуваат оддалечени од Европската Унија, барајќи други алтернативи, прашувајќи се дали овој сон на ЕУ некогаш ќе стане реалност“, нагласи претседателката на ЛДП.

Таа истакна дека нивото на брзина на процесот на проширување не е задоволувачки и оти исто така, не е задоволувачки и за земјите членки кои чекаат на проширувањето.

„Растргнати помеѓу критериумите и прогресот што треба да го направи секоја земја-кандидат за да добие членство во ЕУ од една страна и бавното темпо на преговорите и чекањето, нетрпеливоста на луѓето во земјите, од друга страна и желбата да се стане дел од европското семејство, ја наметна потреба од барање нови алтернативи, но и креативни решенија како да се поттикнат и мотивираат земјите кандидати да продолжат со преговорите и исто така да се мотивираат земјите кандидати да го подобрат развојот“, порача Зајкова.

Таа потенцираше дека токму тука е местото каде што стапува на сила новата политика на проширување, која има за цел да обезбеди нов поттик за фундаментални политички реформи во земјите од Западен Балкан, вклучително и во Северна Македонија.

Претседателката на ЛДП додаде дека исто така не може да се пропушти новиот развоен план кој дојде од Европската комисија, а е базиран на политички, безбедносни и економски интереси.

„Како што вели познатата изрека : „Можете да фатите повеќе муви со мед отколку со оцет“ – логиката зад новата методологија предлага алтернативен модел за пристапување заснован на постепено отворање на правата и обврските кои ги имаат членките, вклучително и зголемување на пристапот до структурните фондови на ЕУ и вклученост во институциите на ЕУ. Тоа да се случува по исполнување на конкретни, однапред дефинирани критериуми и одредници и да се заснова на систем на строг мониторинг и условеност. Што е еден позитивен начин“, наведе Зајкова.

Таа потсети дека тоа во пракса досега функционирало на еден или на друг начин за некоја од членките и оти е позитивен пристап и за земјите кандидати.

„Наместо да ги казнуваме земјите кандидати за работата што треба да ја направат, во иднина да ги наградиме за нивниот моментален напредок, за целата напорна работа и напорите што ги вложија за да продолжат со преговорите со постепено отворање на правата и обврските на членките. Со прифаќање на овој нов пристап, ќе допреме до луѓето, испраќајќи порака дека Европската Унија прави напори да ги прифати нивните очекувања и да се сретнат на половина пат“, посочи претседателката на ЛДП.

Таа истакна дека наместо да се поставуваат цели кои изгледаат тешки за достигнување треба да се воведе по динамичен и предвидлив процес на постепено отстранување на сите ограничувања и бариери.

„На овој начин народот ќе почне да ги чувствува придобивките од членството во ЕУ побрзо, давајќи им дополнителен поттик да работат понапорно и побрзо да се движат на патот кон ЕУ.
На крајот на денот, се е до перцепцијата на луѓето. Сега моменталната перцепција е дека во ЕУ бирократските процеси не одат според Копенхагенските критериуми, туку според ирационални вета. Треба да им покажеме дека работиме „рамо до рамо“ со нив на државите кои се соочуваат со некакви препреки и давајќи им признание за прогресот што го имаат направено. На крајот на краиштата за тоа и постои ЕУ, нели е така? Заедничка соработка, поддршка и прифаќање на разликите. Ни треба Европа обединета и стабилна. Обединети во различностите и силни сите заедно“, заклучи Зајкова.

Би можело да ве интересира

Зајкова: Со конкретна стратегија до подобри резултати и повеќе влијание во локалната самоуправа

Зајкова: Во Заклучоците за проширувањето на Советот на ЕУ не стои дека уставните измени треба да стапат во сила веднаш

Катерина Ѓуровски

Моника Зајкова номонирана од Југоисточна Европа за потпретседателка на АЛДЕ, ќе се гласа на 5 октомври

Зајкова: Забрзана ЕУ интеграција е клучот за иднината на Македонија

Горан Наумовски

Зајкова: Нема откажување од иднината! Нашиот план предвидува подобар, европски живот за сите со европски вредности!

A1on

Зајкова: Бесплатен оброк за сите учениците, бесплатна ексурзија, 6.000 денари за секое прваче и 9.000 денари за секој средношколец