Вучиќ: Во следните четири години ќе се одреди судбината на Србија, изборите не се игра

Од:

Претседателот на Србија и член на Српската напредна странка вечерва во Краљево на предизборната средба на коалицијата собрана околу списокот „Србија не смее да запре“ изјави дека судбината на Србија ќе биде одредена во следните четири години и им порача на граѓаните дека изборите не се игра.

Вучиќ рече дека иако пред секои избори се зборува дека се судбоносни, одлучувачки и од клучно значење, не би било погрешно да се каже истото и за овие.

„И за овие избори, ако кажеме така, сигурно нема да погрешиме. Нема да погрешиме, бидејќи во следните четири години ни претстојат големи задачи. Во следните четири години судбината на Србија ќе се одреди“, истакна Вучиќ.

Би можело да ве интересира

Вучиќ и ја честиташе победата на Сиљановска-Давкова

Горан Наумовски

Вучиќ: Србија и Кина напорно работеa за да ги развијат односите

300 милиони луѓе го гледаа интервјуто на Вучиќ за кинеската телевизија

Горан Наумовски

Вучиќ положи цвеќе во „Рибникар“: „Оваа трагедија остави неизбришлива лузна на душата на цела земја“

А1он

Вучиќ за негодувањето на САД што нови министри се на американската црна листа: Тоа е изборот на граѓаните на Србија

Предраг Петровиќ

Вучиќ: Притисокот врз малите земји е се поголем и позабележителен, ќе ја продолжиме борбата