Одобрени пари за набавка на Трикафта за следните две години

Од:

Министерството за здравство информира дека на денешната владина седница е разгледана и усвоена Информацијата за давање согласност за преземање обврски, за набавка на комбинирана терапија со лекот Kaftrio и лекот Kalydeco, за пациентите со цистична фиброза во Северна Македонија, за чие плаќање е потребно користење буџетски средства.

Владата даде согласност за преземање обврски во програмите опфатени со развојниот дел од буџетот, за чие плаќање е потребно користење буџетски средства во 2024 и 2025 година на Министерството за здравство, за набавка на ваквата комбинирана терапија, во вкупна вредност од 854.549.942,40 денари.

Министерството за здравство е задолжено да достави до Владата предлог програма за обезбедување терапија за пациенти со цистична фиброза, за 2024 година.

Лекот e одобрен од Европската медицинска агенција, а ефектот од терапијата е брз, значителен и одржлив и се користи како стандардна терапија за третман на пациенти со цистична фиброза на возраст над 6 години.

Би можело да ве интересира

Детска клиника: Ревизијата е за 2022 година, за 2024 ќе се обезбеди трикафта за сите

A1on

Трикафта има само за 15 од вкупно 140 пациенти со цистична фиброза

A1on

Обезбеден лекот „Трикафта“ за 12 пациенти

Меџити: Лекот „Трикафта” не е поскапен, побрза разрешница на случајот со Онкологија

Катерина Ѓуровски

Министерство за здравство: Одобрени дополнителни 1,6 милиони евра за Трикафта

A1on

Пациентите со цистична фиброза на протест пред Министерството за финансии