До сега реконструиравме девет улици во општина Кавадарци,за што преку Министерството за транспорт и врски инвестиравме околу 1 милион евра, а следната година предвидено е да реконструираме уште две локални улици,истакна министеротБлагој Бочварски кој денеска со министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска извршија увид во реконструираната улица Димката Ангелов Габерот.
Ова е дел од Проектот за реконструкција на локалните улици низ општините за што Владата инвестира вкупно 70 милони евра.
Министерството за транспорт и врски во континуитет дава силна подршка на општините за проекти кои се од суштинско значење за граѓаните и за развој на локалната економија,потенцира министерот Бочварски.
„Владата преку Министерството за транспорт и врски инвестираше околу 1 милион евра во општина Кавадарци и слободно можам да кажам дека тука во Кавадарци реконструиравме најголем број на улици. Од тука сакам да најавам дека следната година ќе ги реконструираме и улиците Ѓорѓи Соколов и улицата 25 Мај, за кои постапките во Министерството за веќе започнати.
Исто така во делот на патната мрежа континуирано вложуваме и за рехабилитација на регионалните патишта во и околу Кавадарци.
Целосно го реконструиравме транзитот низ Кавадарци, патниот правец кон Дреново, патот кон Росоман, го реконструиравме и патот Мушов Гроб – Мрежичко, а што е најважно со силна динамика работиме на изградба на експресниот пат од Градско кон Прилеп, како директен бенефит за сите граѓаните од Кавадарци и од регионот”, изјави министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.
Министерот додаде дека со средства од Министерството во висина од 2,5милони евра е подобрена комуналната инфраструктура низ повеќе улици во општината Кавадарци.