Триесет и петгодишниот британец, Роберт Хантер од Мидлсброу се претставувал како познатиот тинејџер, поп пејачот Џастин Бибер, за да измами деца да му праќаат порнографски фотографии и видео записи.
На тој начин собрал дури 800 видео снимки, а во контакт бил со деца од целиот свет, Франција, Шпанија, Италија, Канада дури и од Србија.
Педофилот е уапсен откако бил пријавен од едно девојче од Тасманија по што е осуден на 14 години затворска казна.
Хантер по пат на интернет со девојчињата воспоставувал контакт и ги уверувал дека е нивниот идол Бибер.
Им ветувал дека ќе им биде момче доколку ја соблечат облеката, пред компјутерските камери и му го покажат своето тело.
Ги мамел и момчињата претставувајќи им се како тинејџерка и ги наговарал на разни сексуални дејствија.
Добиените снимки ги користел да привлече повеќе деца. Оние кои што ја откриле измама ги уценувал и им се заканувал.
На „Фејсбук“, објавил фотографија на едно дванаесетгодишно девојче, со адреса и телефонски број, поради што жртвата се самоубила.
На компјутерот во станот на педофилот, полицијата пронашла низа записи со недозволена содржина на некои кои имало и деца од само девет години.
Хантер на судењето се изјаснил за виновен, поради што е осуден на 14 години затвор за педофилија и една за наведување деца на сексуална активност.
По апсењето на педофилот, полицијата со помош на Интерпол дошла до жртвите кои биле сведоци на судењето.
Елена Георгиевска