Расел: За 46 дена од војната убиени се повеќе од 5.300 палестински деца

Од:

Директорката на детската агенција на ОН (УНИЦЕФ) го нарече Појасот Газа најопасното место во светот за децата и рече дека привремениот договор за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас е „далеку од доволно“.

Извршната директорка на УНИЦЕФ, Кетрин Расел, денеска пред Советот за безбедност на ОН изјави дека за само 46 дена од војната наводно биле убиени повеќе од 5.300 палестински деца.

„Тоа е над 115 мртви деца дневно, секој ден, со недели и недели. Врз основа на овие бројки, децата сочинуваат 40% од смртните случаи во Газа. Ова е без преседан. Со други зборови, денес Појасот Газа е најопасното место во светот за деца“, рече таа.

Би можело да ве интересира

Во нападите на Израел низ Појасот Газа загинаа најмалку 96 лица

Горан Наумовски

Во израелски напад врз училиште во бегалски камп во Газа загинаа 10, а ранети се 20

Горан Наумовски

Хамас ги повика светските лидери да ја запрат израелската војна во Газа

ИДФ: Четворица војници загинаа во борбите во Појасот Газа

Горан Наумовски

Брутален напад на хуманитарната зона, има мртви и ранети

Олмерт: Израел го уништи воениот капацитет на Хамас