Два пати ја избегна смртта кога пукаа директно во него, а сега контраверзниот Раде Трајковски Штекли објави фото на Инстаграм прикажувајќи ги раните од куршуми.
„Благословен сум“, „Една од петте“ и „Бог ги сака храбрите“, напиша Штекли под фотографијата.
Раде Штекли, пред еден месец беше мета на напаѓач среде бел ден во трговскиот центар „Ист Гејт Мол“ во Скопје,. Ова беше втор обид за елиминација на Трајковски. Во првиот обид исто така во Ист Гејт го спаси блиндираното возило и мина неповреден, но во вториот обид беше погоден со неколку куршуми и пренесен на лекување во државната болница.
И за двата случаи истрагата е во тек и МВР сè уште нема осомничени ниту уапсени. Иако има некои насоки и индиции кои водат до можните напаѓачи, се уште нема официјално посочени со прст или уапсени.
Раде Трајковски-Штекли, се поврзуваше и со истрагата за убиството на младиот фудбалер Мартин Јанушев, но немаше никакви докази за негова вмешаност и тој не беше осоничен.
Штекли има неколку пресуди за затворски казни, а беше уапсен во Грција во 2011-та како осомничен во Италија за местење на фудбалски натпревари.