ВИДЕО: Израелски напади на две болници во Газа

Од:

Израелски тенкови пристигнаа во близина на индонезиска болница во северниот дел на Газа. Би-Би-Си ја потврди фотографијата објавена на социјалните мрежи. На неа се прикажани израелски тенкови лоцирани северно од болницата.

Околу 700 луѓе се во болница, вклучувајќи медицински тимови и ранети, според Министерството за здравство на Газа, кое го води Хамас. Министерството вели дека Израел се обидува „целосно да ја стави вон функција индонезиската болница“.

Портпаролот на Министерството Ашраф ал-Кудра изјави дека 12 лица биле убиени во наводниот воздушен напад. Израелската армија не го коментираше инцидентот, само најави дека ја продолжува операцијата во Газа.

Заедно со информациите за 12 загинати во индонезиска болница во северниот дел на Појасот Газа, има и информации за повеќе од десетина загинати во близина на болница во јужниот дел на Газа.

Според Wafa, официјалната палестинска новинска агенција, 15 лица загинале, меѓу кои и деца и жени, по бомбардирањето на домови во близина на болницата Абу Јусеф Ал-Наџар во Рафах. Тие наведуваат и дека десетици се повредени.

Израелската армија не ги коментира овие настани.

Би можело да ве интересира

Израел и Либан се договорија: Само официјалните воени и безбедносни сили смеат да поседуваат оружје

Хамас е подготвен за прекин на огнот со Израел

Нетанјаху: Израел ќе одговори со сила на секое прекршување на примирјето во Либан

Горан Наумовски

Израел се согласи на примирје со Хезболах

А1он

Бајден и Макрон ќе објават прекин на огнот меѓу Израел и Хезболах

Либан: Нема сериозни пречки за започнување на прекин на огнот