Ивановски ја мина првата пречка на квалификациите во Јокохама

Од:

Македонскиот тенисер Калин Ивановски со победа ги стартуваше квалификациите на Челинџер турнирот од серијата 75 што се игра во јапонскиот град Јокохама.

Ивановски во првото квалификациско коло го совлада домашниот тенисер, 24-годишиот Шинџи Хазава (583 АТП ранг) со 2-1 во сетови (3-6, 7-5. 6-4) за 2 часа и 12 минути игра.

Во следното коло противник ќе му биде Јан Баи од Кина, кому му го предаде мечот на претходниот Челинџерот во Кобе.

Баи на стартот на квалификациите го совлада Германецот Каи Венелт со 2-0 во сетови (6-4, 6-4).

Победникот од дуелот меѓу Ивановски и Баи ќе се пласира во главната фаза на Челинџерот во Јокохама.

Би можело да ве интересира

Калин Ивановски со Ѓоковиќ почна да се подготвува за новата сезона

Калин Ивановски не стигна до полуфинале на турнирот во Мадрид

Калин Ивановски во четврт-финалето на турнирот во Австрија