Бајден: Не сум за прекин на огнот во Газа, тоа нема да донесе мир

Од:

Американскиот претседател Џо Бајден ги отфрли повиците за прекин на огнот во Газа, велејќи дека тоа нема да донесе мир.

„Додека Хамас се придржува до својата идеологија на уништување, прекинот на огнот не е мир. Хамас ќе користи каков било прекин на огнот за да ги наполни своите ракетни резерви, да ги регрупира борците и да ги обнови нападите врз невините“, напиша Бајден во напис за Washington Post.

„Нашата цел не треба да биде да ја запреме војната денес, војната треба да заврши засекогаш. Треба да го прекинеме циклусот на континуирано насилство и да изградиме нешто силно во Газа и на целиот Блиски Исток за да не се повтори историјата“,додаде тој.

Бајден, исто така, го повика Израел да го почитува хуманитарното право и да ја минимизира загубата на цивилни животи. Тој рече дека решението за две држави е единственото трајно решение за конфликтот во регионот и дека во меѓувреме треба да има влада под палестинската администрација.

„Додека бараме мир, Газа и Западниот Брег треба повторно да се обединат под единствена структура на управување, на крајот под ревитализирана палестинска управа, додека работиме на решение за две држави. Не смее да има принудно раселување на Палестинците од Газа, ниту повторно окупација , опсада, блокада или намалување на територијата“, напиша тој.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Израелски напад во центарот на Бејрут, четворица мртви и десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Трудо: Канада ќе ја почитува пресудата на Меѓународниот кривичен суд за Нетанјаху, Галант и Ал Масри

Бејрут и денеска е цел на израелската армија

ОН: Израелските доселеници протераа повеќе од 1.720 Палестинци од Западниот Брег

Бајден: Издавањето налог за апсење на израелски лидер е срамота

Горан Наумовски

Најмалку 47 лица загинаа, а 22 се ранети во израелски напад врз Балбек-Хермел во Либан