38 дена заглавени во Газа, брачниот пар Ел-Кедра благодарен што доби помош да се евакуира во Македонија

Од:

Брачниот пар, кој беше заглавен во Газа и кој беше успешно евакуиран, преку писмо изразува благодарност до Министерството за надворешни работи, до Меѓународната организација за миграција, како и до сите државни институции и поединци кои биле директно вклучени во нивната евакуација.

– Ние, брачниот пар кој беше заглавен во Газа 38 денови, би сакале јавно и официјално да изразиме длабока почит, признание и благодарност до МНР, раководено од господинот Бујар Османи, до целата дипломатија, до Меѓународната организација за миграција (ИОМ), до сите државни институции, агенции и поединци кои беа директно вклучени во нашата евакуација од Газа, во детално организираното згрижување и успешно враќање дома, се вели во писмото од брачниот пар Ел-Кедра.

Изразуваат благодарност и до Елма Алторок, в.д. амбасадор во Каиро за нејзината ангажираност, професионалност, упорност и поддршка, како и до в.д. амбасадорот на Северна Македонија во Тел Авив, Мачеј Качоровски за неговата исклучителна улога во издејствувањето на дозвола за излез од израелските власти.

Брачниот пар беше евакуиран преку египетскиот премин Рафах. Министерот за надворешни работи Бујар Османи во вторникот преку Фејсбук информираше за нивната евакуација. Тие беа последните македонски државјани заглавени во Газа.

Би можело да ве интересира

Репортери без граници: Израел уби најмногу новинари во светот

ВИДЕО: Со снимки од израелските напади на Газа, шпанската телевизија објави дека се повлекува од Евросонг

(ВИДЕО) Пресврт во Газа: Хамас е подготвен да го положи оружјето, но со услов што ја менува состојбата

Катерина Ѓуровски

Хамас бара евакуација на неговите борци заробени во тунелите

ВИДЕО: Израел го прекрши примирјето, 28 Палестинци беа убиени, меѓу нив и деца

Катерина Ѓуровски

Турција издаде налози за апсење на Нетанјаху и уште 36 израелски функционери поради геноцид во Газа

Катерина Ѓуровски