Oсомничен во „Шпион”: Снимал секс со повеќе жени и поседува богата порно архива

Од:

Кај еден од осомничените во акцијата „Шпион“ е пронајдена богата порно архива.

Во неговиот домот била пронајдена богата видео секс-архива, објави македонскиот интернет портал Прес 24, повикувајќи се на извори од истрагата.

Осомничениот снимал експлицитни порнографски материјали во кои самиот бил во главната улога.

Според првичните и неофицијални информации меѓу снимките има и личности од јавниот живот, пишува порталот. Дел од снимките најверојатно се направени во земјава, меѓутоа има и снимки за кои што неименуваниот извор од истрагата не можел да ја одреди локацијата, па го искажал своето сомневање дека станува збор за снимки направени надвор од земјава.

Речиси сите видео материјали биле направени на екстра луксузни локации, а голем број од нив се снимани со повеќе од една камера, пишува порталот. Во речиси сите снимки, снимените жени не знаеле дека се наоѓаат пред камери.

Се уште нема информации, дали сексуалните активности осомничениот ги снимал за да потоа со нив ги уценува жените или пак само си правел приватна видео архива.

Би можело да ве интересира

Ванг призна дека е кинески агент, доби максимална казна од 10 години затвор

Сменет руски заменик-министер ја заобиколи ФСБ преку Минск и Тбилиси, па наводно пребега во Америка

Иран погуби наводен израелски шпион

Русинка е осудена дека била руски шпион во Естонија

Британија 20 години бараше руски двоен агент во МИ6

Грците уапсија шпион кој преку шифрирана апликација испраќал тајни материјали