Борел: Само палестинската власт може да управува со Газа по војната

Од:

Само палестинската власт може да управува со Газа по завршувањето на војната меѓу Израел и Хамас, изјави високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел.

„Хамас веќе не може да ја контролира Газа“, рече Борел на годишната конференција за надворешна и безбедносна политика во Бахреин.

„Значи, кој ќе ја контролира Газа? Мислам дека само палестинските власти би можеле да го направат тоа“, рече тој.

Борел вели дека актуелната војна меѓу Израел и екстремното палестинско движење Хамас во Појасот Газа е „резултат на колективен политички и морален неуспех“.

Би можело да ве интересира

Пронајдено телото на Шани Лук

Предраг Петровиќ

13 земји испратија предупредувачко писмо до Израел

Катерина Ѓуровски

Борел: Земјите-членки на ЕУ поделени за палестинското прашање

(ВИДЕО) Протести во Тел Авив, се бара ослободување на заложниците: Владата нема поим што прави

ВИДЕО: „Епска катарстофа, луѓето нема каде да одат“ – Израел го напаѓа Рафа, последното прибежиште за Палестинците

Катерина Ѓуровски

Борел: Шпанија, Малта, Ирска и Словенија ќе ја признаат Палестина