Албанија слави, вторпат во историјата се пласира на ЕП

Од:

Албанската фудбалска репрезентација се пласираше на Европското првенство откако во Кишињев ремизираше 1:1 против Молдавија.

Албанците поведоа со голот на Цикалеши од пенал во 25. минута, по што домашните ги уфрлија сите карти во нападот со оглед на тоа што само победа им остана во игра за пласман на ЕП.

До израмнување стигнаа во 87. минута со голот на Бабогло, но немаше време за пресврт и по последниот судиски свиреж дојде до големо славје на Албанците.

Тоа значи дека Албанија едно коло пред крајот веќе се пласираше на ЕП бидејќи има четири бода повеќе од Молдавија и Полска, а меѓу нив е Чешка со 14 бода.

За Албанците ова е втор пласман на еврпското првенство откако пред седум години учествуваа во Франција.

Би можело да ве интересира

Србија се пласира на ЕУРО 24

Жрепката за ЕУРО2024 ќе се одржи следниот октомври во Франкфурт

А1он