Кучето на молдавската претседателка Маја Санду го касна прстот на австрискиот претседател Ван Дер Белен.
Во Кишињев, Молдавија дојде до дипломатски скандал кога претседателката на Молдавија, Маја Санду го угости претседателот на Австрија, Ван дер Белен, пишува „Ројтерс“. Нејзиното куче го касна прстот на австрискиот претседател кога тој се обиде да го погали во дворот на претседателската резиденција.
🇦🇹🇲🇩🚨‼️ SANDU'S DOG BIT THE AUSTRIAN PRESIDENT!
The dog of Moldovan President Maia Sandu bit the finger of Austrian President Alexander Van der Bellen, who arrived in Chisinau. pic.twitter.com/kCTM2CeWlz
— Lord Bebo (@MyLordBebo) November 16, 2023
По инцидентот таа се извини на англиски и објасни дека кучето се вознемирило поради големиот број луѓе. На следната средба меѓу двајцата, Ван дер Белен имаше завој на раката.