ВМРО-ДПМНЕ: Се моли Димитар Ковачевски да се врати во Македонија за да не ја брука државата на отворена сцена

Од:

Се моли Димитар Ковачевски да се врати во Македонија за да не ја брука државата на отворена сцена. Едно со своите испади на винскиот саем во Србија, второ со своите изјави и постапки. Ковачевски потпишува меморандуми за брза пруга, а дома нема еден функционален воз кој му се сообраќа во Македонија, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

– Не може Ковачевски да зборува за непринципиелности од страна на Бугарија, бидејќи кога сите тоа му го говорат во Македонија тој ги обвинува за антиевропско однесување. Ковачевски помалку да патува со цели свити и да арчи народни пари за да учествува на вински саеми, повеќе да се концентрира на работите во Македонија. Му преостануваат уште неколку месеци на власт, па редно е да реши барем еден од проблемите кои тој и неговата влада им ги донесоа на граѓаните – тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ бара истрага: Дали Богоев местел тендери додека ја водел Царинската управа?

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Заврши времето на еднострани отстапки, Македонија бара реципроцитет од Бугарија

Лозановска: Во времето на СДС и ДУИ се нарачуваа судски пресуди и сето тоа доведе довербата на граѓаните во правосудството да падне на цели 2%

СДСМ: Владата потфрли во економијата и ги разочара граѓаните

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче соработува со лица што го негираат македонскиот идентитет

Министерството за транспорт ги објави четирите понуди за електричните автобуси, тврдењата на СДСМ ги оценуваат како паушални