Загина стружанец, сопатник во автомобил кој излетал од патот

Од:

54-годишен жител на струшкото село Долна Белица го загуби животот во сообраќајна несреќа во која би сопатни во автомобилот чиј возач загубил контрола и излетал од патот. Починал на местото на несреќата, а смрт констатирал лекар од Итната помош.

Повредени се и возачот, 41-годишник од истот село, како и вториот сопатник, на возраст од 41 година од Велешта. тие се пренесени во болницата во Гостивар.

-На 15.11.2023 во 22.50 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на магистралниот пат Гостивар-Стража, кај Новоселски пат, патничко моторно возило „опел корса“ со струшки регистарски ознаки, управувано од А.Р.(42) од с.Долна Белица, струшко, излетало од коловозот. Во несреќата, од здобиените повреди на местото починал сопатникот З.А.(54) од с.Долна Белица, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Со телесни повреди се здобиле возачот и уште еден сопатник Б.И.(41) од с.Велешта, струшко, констатирани во Општата болница Гостивар, информира МВР.

Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Гостивар.

Би можело да ве интересира

Му зеле 22.500 евра, измамници му ветувале дека ќе му завршат работа да купи државно земјиште

Починато петмесечно бебе донесено на Детска клиника

15-годишник избодел врсник во основно училиште во Гази Баба

Уапсен е возачот кој со камион прегази старец на патот Прилеп – Градско

Танчерки од Русија, Бугарија и Србија нелегално работеле во ноќен клуб во Охрид

Шеснаесетгодишници нападнале врсник и му се заканиле со автоматска пушка