Компанијата на Берлускони треба да плати огромна казна за корупција

Од:

Италијанскиот Врховен суд ја потврди пресудата со која компанијата „Фининвест“ на поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони треба да плати огромна парична казна за корупција, притоа намалувајќи ја малку сумата.

Судот ги отфрли повеќето приговори на „Фининвест“ на пресудите од пониските судски инстанци, кои ја осудија за корупција при купување на издавачката куќа „Мондадори“, што претставуваше важна етапа во изградбата на медиумската империја на Берлускони во 90-тите години на минатиот век.

Претходно, Апелацискиот суд и одреди на компанија казна од 564 милиони евра, намалувајќи ја од првичните 750 милиони евра.

Врховниот суд денеска ја намали оваа казна на 541 милион евра.

Би можело да ве интересира

Се урна лифт во станбена зграда, повредени две жени и три деца во Палермо

Откриена е мафијашката мрежа Камора и Коза Ностра, една трага води до Балканот

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Силен земјотрес го погоди југот на Италија

ВИДЕО: Поплави, свлечишта, затворена железница и училишта во Италија

(ВИДЕО) Израел ги налути сојузниците: Престанете да пукате на силите на Обединетите нации

Катерина Ѓуровски