Студениот бран кој што ја зафати Хрватска предизвика снег на повисоките места. Циклонот наречен „Невен“, донесе обилни дождови во западниот дел на државата, а најпогоден е Карловац, каде што улиците веќе се под вода.
Дождот предизвика забележително заладување, па така по топлото утро во 11 часот на некои места е измерена температура од 10 степени Целзиусови. Најстудено е во Парга, каде што се измерени само четири степени.
Нагло заладување го зафати и Завижан, каде што дождот премина во снег. Хрватските медиуми наведуваат дека и во Словенија, на повисоките места веќе има снег.
Елена Георгиевска