ВИДЕО: Пожар избувна во деловна зграда во Кина, 26 мртви

Од:

Најмалку 26 лица загинаа во пожар што денеска зафати деловна зграда во северна Кина, јавуваат државните медиуми. Пожар избувна во четирикатница во градот Лулијанг во провинцијата Шанкси околу 7 часот по локално време.

Според медиумите, пожарот е ставен под контрола, а 63 лица се пренесени во болници. Пожарот избувна во покраината, која е најголем производител на јаглен во земјата. Во Кина чести се индустриските несреќи кои можат да резултираат со пожари поради слабите безбедносни стандарди, пишува Би-Би-Си.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Лансиран е сателитот кој заеднички го развија Кина и Франција

Силен земјотрес ја погоди Кина

НАТО и се закани на Кина

Најмалку четири лица се исчезнати во поплавите во Кина

Адидас истражува случај на корупција во Кина, проценет на стотици милиони евра

A1on

„Војната“ помеѓу ЕУ и Кина официјално започна