За премиерот Димитар Ковачевски пораката на неговиот прв заменик Артан Груби дека „со Македонија владеат Албанците“ е само почеток на предизборен период во кој јавноста ќе се изнаслуша кој се е главен во земјава.
„Со Македонија владејат Албанците и сите се плашат од Албанците што владеат со државата“, порача Груби на промоцијата на секретаријатот на огранокот на ДУИ во Чаир каде претседателот на огранокот Беким Незири се обрати со „поздрав за премиерот Артан Груби“ на настанот.
– – Во моментов Македонија ја води премиер Македонец. Вие сте искусни новинари и знаете дека влеуваме во предизборие. Во следните од седум месеци ќе се изнаслушаме кој се е главен, но еве покажавме како може да функционираме еден Македонец, еден Влав и еден Албанец да склопиме
Буџет да го поднесеме на Влада и да го одобрат министрите. И им благодарам и на Филип и на Фатмир, испративме главна порака дека силата е во заедништвото – одговори Ковачевски на новинарско прашање при промовирањето на Предлог Буџетот за 2024 година.