Карлос Алкараз е миленик на многумина, но сепак мора да победува во натпреварите на теренот, што и да пишува на веб-страницата на АТП.
Неверојатен АТП гаф на завршниот турнир во Торино. Откако го згрешија Едуардо Роџер-Васелин како Аргентинец за време на извлекувањето на групата, тие сега успеаја да му ја дадат победата на Карлос Алкараз уште пред почетокот на турнирот.
Првиот меч на турнирот Алкараз го започна откако пехарот за најдобар тенисер оваа сезона му го додели на Новак Ѓоковиќ, а уште пред почетокот на дуелот со Алекс Зверев беше прогласен за победник. Поради груба грешка на АТП, на официјалниот сајт беше напишано дека Шпанецот победил на овој дуел.
Досега Зверев и Алкараз играле шест пати и секој од нив има по три победи во меѓусебните дуели, но на официјалната веб-страница на АТП напишаа пред мечот дека Шпанецот има четири победи и му припишуваат триумф во меч кој не беше ни започнат.