Легендарниот фудбалер на Партизан, Мустафа Хасанагиќ почина во Белград на 83-годишна возраст, објави клубот од Хумска на својата официјална веб-страница.
„Со тага ја примивме веста дека утрово почина великанот на југословенскиот фудбал, член на „Бебињата на Партизан“ и легендарен напаѓач на најдобрата генерација на Партизан – Мустафа Хасанагиќ. ФК Партизан изразува искрена болка и сочувство до неговото семејство и пријателите“, се вели во соопштението на клубот.
Хасанагиќ со 355 гола е трет стрелец во историјата на „црно-белите“ зад рекордерите Стјепан Бобек (425) и Марко Валок (411).